13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Вечерва нема да се спие мирно во Ѓавото, пожарот е локализиран но е во близина на куќите – еве каде се има активни пожари

И покрај што пожарот близу селото Ѓавото е ставен под контрола и нема опасност за куќите во селото Ѓавото, тој утре ќе се гаси со хеликоптер уште од рани зори.

– Заради временските услови и краток временски интервеал на дејствување хеликоптерот нема да полета денес според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата.

Пуштено е втрото барање и се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана. Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато, велат од ЦУК.

Во меѓувреме Центарот за управување на кризи објави и видео од актуелниот пожар кој е на само неколку стотици метри до куќите.

(ВИДЕО ЦУК)


(ВИДЕО ЦУК)

Активни пожари во 20:30 часот според информациите на ЦУК.

Куманово-Стојан Арсов кај Кока гори сува трева, с.Проевце кај Ловечки дом гори Бор.

Пожарите се продизвикани од удар на гром. Кичево-с.Туин каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Велес – помеѓу селата Голозинци и Лисиче, општина Чашка каде гори сува трева и нискостеблеста шума. Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. Пожарот е предизвикан од удар од гром.

Спонзорирано: