25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

На патот Прилеп – Крушево со мерцедес се обиделе да го истуркаат од патот возилото во кое бил Петар Богојевски

На 23.07.2022 во 15.09 часот телефонски во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Крушево, во близина на Прилеп, патничко возило „мерцедес“ во неколку наврати ја загрозило безбедноста на едно лице во сообраќајот.

Според пријавеното, возилото во повеќе наврати го претекнувало и го насочувало возилото на пријавителот. ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот.

Претходно за овој настан информираа повеќе медиуми, за што се соопшти дека во возилото на оштетениот се наоѓал Петар Богојевски од Македонски концепт.

Богојески го потврдува настанот и вели дека случајот е пријавен во полиција, дадени се податоци за возилото, а сега на потег е МВР.

– Почитувани граѓани и новинари,

Ви благодарам на интересот за вчерашниот инцидент, во кој учествуваа две лица, за мене сеуште не познати!

Ве замолувам за сите прашања во врска со настанот да се обратите до Министерство за внатрешни работи , од причина што и јас сеуште очекувам одговори од таму!

МВР го потврдува инцидентот, а во интерес на истрагата од страна на ОЈО, засега ќе се воздржам од било какви коментари!

Јас сум добро, со мали траги од заштитниот појас врз мене, не се чувствувам вознемирен, а најмалку заплашен!

Напротив, дупло помотивиран да ја продолжиме борбата со бандите кои го уништуваат нашиот народ!♥️

На сликата се локациите од нападите врз мене, во кои за малку ќе настрадаше и трето возило – семејство кое патуваше од Прилеп кон Кривогаштани!

Доколку истите го видите ова известување, ве замолувам да ми се обратите на мене или дирекно во МВР!
Однапред благодарам!, напиша Богојевски на фејсбук.