Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Од август кризна состојба во енергетскиот сектор за спас на грејната сезона, најави Бектеши

Министерството за економија планира во август да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор и да ја стави во функција комисијата за енергетска криза со цел да се обезбедат финансиски средства за компаниите за претстојната грејна сезона која според сите предвидувања, ќе биде една од најтешките досега.

„Ние планираме како министерство за економија да ја ставиме во функција комисијата и во август да прогласиме кризна состојба во делот на електричната енергија. Во таа кризна состојба предвидени се и рестрикции, но ако нема забрана за увоз на електрична енергија во регионот како што беше случај еднаш со Бугарија, тогаш нема да има рестрикции за граѓаните“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Вчера е донесена одлука од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување 100 милиони евра во делот на ликвидноста за да може ЕСМ во одредени периоди од годината да купува електрична енергија и да купува јаглен и мазут за потребите на сите капацитети.

Ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут. Зборуваме за три блока во РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј и за ТЕЦ Неготино. А, треба да ги сочуваме и хидрокапацитетите за да имаме електрична енергија за зимскиот период. И на следниот состанок на Опен Балкан ќе се обидеме да споделуваме податоци за економските потреби на другите земји и покрај одлуките за извоз. Ова ќе важи и за електричната енергија и за другите енергенси ако некоја земја ги има на располагање“, додаде Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК