5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски е против ЕУ и само измислува нови обиди како нешто да попречи, седницата на ИК е фарса, велат од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Откако потонаа сите лаги, манипулации, црни сценарија, обиди да ја закочи европската иднина на државата, Христијан Мицкоски тоне и сака да ја повлече цела држава. Toa СДСМ, заедно со граѓаните нема да му го дозволи.

Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа па потоа го бојкотираше.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа.

Не му се криви граѓаните на Мицкоски што ги лажеше за некаква бугаризација и асимилација која сите видоа дека не постои.

Не му се криви граѓаните што нема храброст да признае дека започнавме преговори за членство во ЕУ со заштитенен македонски идентитет и што македонскиот јазик одекна во Брисел.

Не му се криви граѓаните на Мицкоски што неговите пратеници не гласаа во Собранието, па сега се обидува да ги вовлекува во неговите анти-европски сценарија.

Тоа што се уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека ВМРО-ДПМНЕ не знае каде тера, само сака да направи некаква штета и ништо повеќе. Како и досега.

Седницата на Извршниот комитет на ВМОР-ДПМНЕ е најобична фарса, таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски.

Досега сите лаги на Мицкоски се разобличени, сите негови обиди пропаднати, така ќе биде и овој пат.

Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен. СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ.

Спонзорирано: