Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Американскиот претседател Џо Бајден со честитка до Македонија: САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер

Американскиот претседател Џо Бајден со честитка до Македонија и Албанија:

Соединетите Американски Држави ги поздравуваат важните чекори што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница преку отворање на пристапните преговори со ЕУ со Албанија и Северна Македонија. Во моменти кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било да се поддржи стремежот за Европа цела, слободна и во мир.

Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија. Соединетите Држави ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер додека тие нации работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.

https://www.whitehouse.gov/briefing-room/statements-releases/2022/07/19/statement-by-president-biden-welcoming-important-steps-towards-eu-integration-for-albania-and-north-macedonia/

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК