16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ивон Величковски: Откако се објави фамозниот Протокол, падна фамата за “бугаризацијата” и “асимилацијата”

Фејсбук статус на Ивон Величковски:

„Откако се објави фамозниот Протокол, падна фамата за “бугаризацијата” и “асимилацијата”.

Всушност се потврди она што власта не знаеше како, а опозицијата не сакаше да го објасни – дека:

– Протоколот само ги прецизира чекорите, носителите и временската рамка на спроведување на Софискиот договор, по терк на Преспанскиот, и

– Обата договори се реципрочни, но за она што (ќе) го бара Македонија веќе одлучува Скопје, а не Белград.

Маката на (ВМРО ДПМНЕ, Левица и екс-СДСМ медиа/Нво/грант-) “јавноста” е што пропадна играта на одржување на стравот на Македонците дека “некој сака да не снема”.

Покрај документите, играта директно ја “скинаа” европските и американските врвни функционери со своите јасни ставови кон Македонците и македонскиот јазик.

Неколкумесечното сервирање инфериорност, очај и агресивност кон Македонците не дојде од ниту еден сосед. Грција се помири со македонскиот јазик во Преспанскиот, за Албанија, Косово и Србија тој не е во прашање од АСНОМ, а Бугарија прифати дека во цела ЕУ – само таа има издвоен став по прашањето.

Играта се покажа дека е на втората и третата генерација југо-московјани и “јавност” облечени во “Конрад Аденауер” костуми и ЕУ-грантистички фустани.

Потписот е во обидот гласањето во Собранието да се сведе на мерење етничка застапеност на гласовите.

Добро е што грант-европејците како Ристовска застанаа рамо до рамо со фондациските интернационалисти како Силјановска, Апасиев, Димовски и ним сличните:

Прво инсистираа дека Османи не може да е министер што се грижи и за Македонците.

Потоа, барајќи поддршка за македонскиот идентитет, во собраниска расправа го доведоа во прашање идентитетот на своите сограѓани-Бошњаци.

На крајот си кажаа дека всушност за нив гласот на пратеникот Македонец и неговиот колега од друга припадност (и, со тоа, на оние кои ги бирале) – во нивните очи никогаш и не тежеле исто.

Обидот за етнички преседан го разобличи нивното лажно поддржување на граѓанскиот концепт на Македонија и македонското општество.

Ваквиот приказ на супремацизам втемелен на југо-македонизам го потврди децениското промашување на Брисел во пристапот кон европеизирањето на македонскиот општествен, невладин, медиумски и политички простор.

Ваквите ставови на нашите “грант/фондациски-Европејци” секако ги засмеваат Европјаните, оти најмалку очекувале аргументите на Софија да ги потврди токму оваа “јавност” во Скопје.

Но, не се грижете: Отворањето на досиејата на екс-ју службите во Македонија им беше закана, а сега, со бриселски печат – реалност. Откако безуспешно ќе пробаат да го запрат процесот, бесот ќе биде заменет од помирување со реалноста.“

Можеби ќе ве интересира

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ ОГРАБЕНА “ПРОДАВНИЦА” ЗА БРЗИ КЕШ КРЕДИТИ – Полицијата трага по лице кое поседувало огнено оружје

ДЕСК