23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга

Затворена е фабрика за производство на канабис за медицински цели во струшкото село Дрслаица, откако при претрес на објектот констатирани се повеќе нерегуларности – повеќе садници отколку што треба, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги. Со акцијата, спречено е производство на дрога вредна пет милиони евра.

При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија. При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење на правното лице, спротивно на одредбите од Законот за контрола на дроги.

Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени. Од страна на СВР Охрид до ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги и член 215 од КЗ.

Според експертите од Министерството за здравство доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, ќе се добиеле околу 2,5 тони канабис кои доколку биле продадени на црниот пазар би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.

Спонзорирано: