26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик, Собранието да ги поддржи заклучоците

Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и нашата евроинтеграција, откако е потврдено дека со последниот европски предлог се отвора патот во Европската унија да влеземе како Македонци со чист македонски јазик и обезбеден македонски идентитет, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата ги повикуваат сите пратеници да ги поддржат заклучоците, предложени од пратеничката група на СДСМ, со кои се задолжува оваа и секоја идна Влада на Република Северна Македонија, сите институции и експертскиот преговарачки тим на безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската унија.

Заклучоците предвидуваат преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право, со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието, на 29 јули 2021 година.

Конечно по 17 години чекање и 13 позитивни препораки, државата има шанса да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, да се реализира втората стратешка цел, со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност, се вели во соопштението.