26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Сите граѓани се богатството на нашата држава и треба да се дел од Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека сите граѓани се богатство на државата и треба да се дел од Уставот. Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање ја повика опозицијата да објасни што има против уставните измени и внесувањето во Уставот на граѓаните на Република Северна Македонија кои што јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари.

,,Јас на една моја прес-конференција кажав дека и Египќаните се дел од нашето општество кои што придонесуваат и затоа тоа беше поздравено и тие веќе доставија барање за нивно внесување во Уставот на Република Северна Македонија. Меѓутоа зошто би имале тие против доколку и делови од израелскиот народ односно Евреите во Република Северна Македонија бидат дел од нашиот Устав, односно од преамбулата на нашиот Устав. Сите тие граѓани се богатството на нашата држава”, рече Ковачевски.

Премиерот објасни дека има држави кои што се во соседството, односно во блиското опкружување кои што ги вклучуваат граѓаните со различно самоопределување во својот Устав, односно во преамбулата, изградиле посилни општества и посилни држави.

,,Земете ја на пример Хрватска, Хрватска има 27 делови од народи кои што се дел од нивниот Устав и тие тоа го поддржале и станале членка на ЕУ и се држава која што напредува по сите параметри и економски и општествени и културни”, рече Ковачевски.