Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Влада: Ги осудуваме нецивилизираните напади во Собранието од страна на опозицијата

Владата на Република Северна Македонија јавно ги осудува крајно нецивилизираните напади и навредите искажани во Собранието на Република Северна Македонија од страна на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кон високи претставници на Европската Унија.

Најостро го осудуваме говорот на омраза којшто деновиве опозицијата упорно го шири и се обидува да го наметне во јавноста од собраниската говорница, но и од блокадите и протестите на улица. Главната цел на овие срамни и ниски напади е да го попречат патот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес.

Позициите на Владата на Република Северна Македонија се јасни и цврсто сме решени да станеме дел од европското семејство каде што и припаѓаме, штитејќи ги националните интереси и македонскиот јазик. Затоа Владата со целиот свој капацитет ќе продолжи да работи на просперитетот на земјата и нејзино полноправно членство во Унијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК