16.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието да го продолжи европскиот пат

Последниот европски предлог обезбедува почеток на преговорите со ЕУ и чиста формулација, односно македонскиот јазик во Унијата. Македонски јазик без фусности, без додавки ќе стане еден од официјалните јазици на Унијата а на македонски јазик ќе биде преведено и законодавството на ЕУ. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Тоа значи затворање на сите идентитетски прашања и обезбеден македонски идентитет, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ова е остварување на уште една стратешка цел – започнување преговори и членство во ЕУ, како Македонци со македонски јазик. Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.

Време е за одлука. Преку усвојување соодветни заклучоци, кои ќе бидат задолжителни за сегашната но и за секоја идна Влада да се обезбеди европскиот пат на земјата и безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, за кои во ниту еден момент не се преговара.

Сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес за Собранието да го продолжи европскиот пат, се вели во соопштението од СДСМ.