Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Анима Мунди со реакција за малтретирањето животни на демонстрациите вчера – Бараме птицата итно да се ослободи во нејзината природна средина, или да ни се предаде ако за другото не постои алтернатива

Фејсбук статус на Анима Мунди

❗️❗️❗️Почитуван македонски народе, не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате болка, траума, невиден стрес и го лишувате од сѐ што е за него природно. Мисирката е, исто како и човекот, чувствително и свесно битие, способно за емоции и, наспроти општото убедување, мисирката е интелигентно животно кое во случајов никому ништо не му згрешила.

❗️ Анима Мунди го подржува правото на протест и верува во силата на народот, но мачење на животни никогаш не било ниту ќе биде досетливо, креативно – човечно – и најостро го осудуваме.

Приморување на животно да биде меѓу таква толпа народ, со врзани екстремитети, кубено, тегнето, обезличено како да е предмет а не жива душа, е најодвратен облик на мачење на животно.

❗️Бараме од организаторите и сите присутни да не бидат инертни пред стравот на ниту едно живо битие и да се оневозможи злоупотреба на животни за какви било цели!

Бараме јасна и недвосмислена осуда на чинот и никако да не се повтори! Бараме птицата итно да се ослободи во нејзината природна средина, или да ни се предаде ако за другото не постои алтернатива.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК