Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев ја очекува нов пораз во Собранието, порача Каевски

Одговор на новинарско прашање на Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ:

Прашање: Мицкоски побара од пратениците од СДСМ да го одбијат предлогот, каков е вашиот коментар за овој повик?

Одговор: Јас сметам дека Мицкоски треба да повика дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да прават блокади и опструкции и да не одработуваат за туѓи центри и држави кои не и мислат добро на оваа држава. Да дојдат на пленарната седница и да дискутираме и да ги соочиме аргументите и на крајот да донесеме заклучоци, со кои ќе ја обврземе Владата, оваа и секоја наредна, во делот на спроведување на процесот да се зачува чистиот македонски јазик, македонскиот идентитет и посебноста со сите историски, образовни и културни карактеристики и истите да не бидат дел од праговарачката рамка како што е сега.

Јас очекувам дека дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и целата опозиција, ќе ги поддржат овие заклучоци зошто многу често ги слушаме дека влегувањето во ЕУ е потребно на државата со зачуван македонски јазик, идентитет и посебноста на македонскиот народ во делот на историските, културните каратеристики надвор од преговарачката рамка.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +