Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Девојка од Долно Лисиче со автомобил удрила во две паркирани возила, со тешки повреди е пренесена во болница

Дваесет и осум годишна девојка од селто Долно Лисиче, доцна синоќа по 3 часот удрила во две паркирани возила на булецарот Браќа Ѓиноски во Гостивар.

„Патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од с.Долно Лисиче, скопско, удрило во две паркирани патнички возила со гостиварски регистарски ознаки, и тоа „БМВ“, паркирано од О.Ч.(48) од Гостивар и „БМВ“ паркирано од М.Ќ.(64) од с.Галичник“, информираа од МВР.

По несреќата, А.С. е пренесена во Ургентен центар Гостивар, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗЕЛ „ОПЕЛ“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – 51-годишен прилепчанец лишен од слобода

ДЕСК

Ѝ ВЛЕГЛЕ ДОМА И ЈА ОГРАБИЛЕ, 84-ГОДИШНА ПРИЈАВИЛА ГРАБЕЖ– Две лица со закана со остар предмет ѝ одзеле пари

ДЕСК

ПРОНАЈДЕНИ 30 ЛЕНТИ СО ТАБЛЕТИ КАЈ БИТОЛЧАНЕЦ – 37-годишник лишен од слобода

ДЕСК