Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски со честитка по повод празникот Курбан Бајрам

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи , Оливер Спасовски

Почитувани граѓани од исламска вероисповед,

Ви упатувам вам и на вашите семејства срдечни честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, со желби за добро здравје и благосостојба.
Курбан Бајрам пред се е празник на вредностите на заедништво – меѓусебна почит и разбирање, хуманост, солидарност. Надминувањето на страстите претставува врвна покорност на верникот кон Бога, а духот на трпението е водич низ сомнежите кои се јавуваат во срцата.

Бидете уверени, времето на неизвесност е зад нас, имајќи ја на ум нашата заедничка определба за соживот – сите ние заеднички придонесуваме кон развој на нашиот концепт Едно општество за сите, со еднакви можности за сите и со достојна почит кон културните, верските и етничките разлики, кои го претставуваат нашето богатство. Заедништвото – тоа е нашата сила за движење напред!

Посакувам и овие свети празнични денови да поминат во атмосфера на мир и хармонија – благословен нека е големиот празник Курбан Бајрам!

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК