Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Апасиев ја откри намерата на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Левица: Да не бидеме членка на ЕУ

„Денес коалицискиот партнер на Мицкоски, Дидмитар Апасиев ја откри вистинската намера и цел на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Левица а тоа е да не бидеме членки ЕУ за други или поточно туѓи алтернативи. Тоа што го мисли Мицкоски гласно го зборува Апасиев. Стратешкиот курс на земјата и напуштање на евроинтеграцијата“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

Оттаму посочуваат дека „очигледно ова е вистинската скриена агенда на Мицкоски, директно насочена против ЕУ“.

„Мицкоски мора јавно да излезе веднаш и да соопшти кои се неговите вистински цели и која алтернатива има ја нуди на граѓаните? Дали тој се залага за Евроазиска унија како неговиот коалициски партнер со кој ги организраат протестите? Овие прашања мора да ги одговори јавно Мицкоски“ велат од СДСМ.

Ставот на партијата е дека „Апасиев е докажан и признат проруски политичар, но очигледно е дека и Мицкоски всушност ја води истата и силно ја поддржува таа политика. Целта на крвавото сценарио што не успеа очигледно беше составен дел од тоа“.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.