26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Георгиев: Договорот е со реципроцитет, се што ќе прави Комисијата се однесува и за Македонија и за Бугарија

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 историчарот Драги Георгиев, од македонската историската комисија, рече дека се што ќе се договори е со рециприцитет, односно обврските се однесуваат и за Македонија и за Бугарија, подеднакво, акцентирајќи дека нашата комисија веќе ги добила сите учебниви од Бугарија за да ги анализира.

„Тоа е реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници. Тоа треба да биде јасно. Македонија нема да преземе еднострани обврски. Се што ќе направи комисијата е на база на реципроцитет. Не може Македонија ако има потреба да ги менува учебниците а Бугарија да не смени ништо, истото ќе важи и за нејзините учебници. Тука има реципроцитет.“ рече Георгиев, за Канал 77.

Тие се поврзани активности. Така што, не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тоа дека ќе се случат промени само кај Македонија а нема да има и во Бугарија, додава Драги Георгиев за Канал 77.