Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен крадец од Виница, расчистени 12 кривични дела

На 08.07.2022 полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Виница, по преземени мерки и активности, расчистија 12 кривични дела, од кои 10 тешки кражби сторени во цркви, една тешка кражба во продажен објект и едно одземање на моторно возило извршени на подрачјето на ОВР Виница во претходниот период.

Притоа, во полициска станица е извршен службен разговор со Е.А.(20) од Виница, кој непријавено престојувал во Кочани, при што Е.А. ги признал делата и го појаснил начинот на кој ги извршил. По документирање на случајот против него ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК