Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Велешанец пријавил закани од висок функционер на ВМРО ДПМНЕ во Велес

Пратеникот и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Велес И.Г. е осомничен дека преку вибер упатувал закани до свој сограѓанин, кој пак заканите ги пријавил во полиција, дознаваме од наши извори.

За случајот побаравме информација од МВР од каде потврдија дека во СВР Велес има пријава на 06.07.2022 од граѓанин на Велес за „загрозување на сигурноста“ од страна на И.З., кој му се јавил преку вибер и упатил закани кон него и навреди кон неговото семејство.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а СВР Велес за случајот ќе изготви известување до надлежното обвинителство, велат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК