Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ДУИ: Апасиев ја откри проруската стратегија за заедничките протести со ВМРО

Димитар Апасиев, како коалиционен партнер на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, но и на Алијанса и Беса во коалицијата „61“, денеска ја обелодени проруската стратегија за заедничките протести како опозиција, за спречување на членството на Северна Македонија во Европската Унија. Барајќи други алтернативи за промена на стратешкиот курс на земјата и заробување на патот кон европската интеграција.

Демократската унија за интеграција од петти ноември минатата година ја осуди руската дестабилизирачка агенда зад коалицијата „ново мнозинство 61“, а истото денес се потврдува.

Опозицијата треба да се изјасни кои се новите алтернативи што им се нудат на граѓаните.

Дали ги споделуваат своите ставови со коалициониот партнер, Левица за евро-азиското партнерство?

Демократската унија за интеграција апелира и ги повикува сите политички чинители во земјата да се оградат од овие скандалозни ставови и насилни антиевропски протести поттикнати од проруски елементи во земјата.

Прогресивните сили ќе го финализираат најголемиот проект на Северна Македонија, интеграција во Европската Унија, како единствена алтернатива за земјата.

Демократската унија за интеграција повторно нагласува дека овие насилни протести насочени против иднината на граѓаните откриваат кој е за, а кој против Европската Унија, затоа апелираме граѓаните да се оградат од нив.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК