Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Вучиќ: Да преовлада разум, Западниот Балкан нема друга алтернатива освен ЕУ

Ние, Западниот Балкан нема друга алтернатива освен Европската Унија, затоа мора да преовлада разумот, никому не му се потребни немири меѓу народот и полицијата, изјави претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, во интервју за телевизија Сител.

„Ништо не е убаво и лесно. Но се поставува и друго прашање. Што е алтернатива? Јас затоа само ги молам луѓето кога за тоа размислуваат не политичарите, туку обичните луѓе тоа да го постават на таков начин. Да не се оди со емоции, да преовлада разумот, никого не му се потреби немири меѓу народот и полицијата. Никого. Тоа е единствено што можам да им го кажам на луѓето. Ги молам да се чуваат едни со други. Кажав што Србија изгуби а што доби, сами размислете и донесете одлука”, изјави претседателот Вучиќ.

Во интервјуто претседателот Вучиќ порача дека Република Србија е искрен пријател на Северна Македонија, не само низ иницијативата Отворен Балкан, туку и низ билатералните односи, само ќе напредуваме и кога ќе ги отворите преговорите, ако ги отворите, ќе ја имате и тука нашата дополнителна поддршка бидејќи ние низ тоа поминавме, рече претседателот Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.