Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ПЕС силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и Албанија

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) изрази силна поддршка за европските амбиции на Албанија и Северна Македонија и посветеност на процесот на проширување на секое ниво.

„Крајно време е да се унапреди процесот на проширување. Посветеноста на Европа кон Западен Балкан е клучна во време на голема глобална несигурност. Мора да го зачуваме кредибилитетот на нашата надворешна политика и да го обезбедиме напредокот што го постигнаа Албанија и Северна Македонија во демократијата, владеењето на правото и економскиот просперитет“, се наведува во денешното соопштение на ПЕС.

Во соопштението се нагласува дека двете земји презедоа значителни реформи за да ги унапредат разговорите за пристап и дека секое натамошно одложување сериозно би ризикувало да го поткопа значителниот напредок и добрососедските односи постигнати до овој момент.

Партијата на европските социјалисти наведува дека будно ги следи случувањата во Северна Македонија и ги повикува сите национални актери да го градат своето учество во јавната дискусија врз цврсти аргументи и објективна вистина, а не врз политички опортунизам и националистички чувства.

ПЕС изразува солидарност до СДСМ, како нејзина сестринска партија во државата.

Ние целосно ја разбираме растечката фрустрација во регионот, остануваме во близок контакт со нашите сестрински партии и ќе продолжиме тесно да соработуваме со нив во Брисел, се наведува во денешното соопштение на ПЕС.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК