Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се потврди дека нема никаква асимилација и бугаризација на Македонците, велат од СДСМ

Деновиве се потврди уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, асимилација и бугаризација на Македонците немаат никаква врска со реалноста, тоа е очајнички обид на Христијан Мицкоски за заплашување на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ користи опасни манипулации и тези со кои ги поткопува нашите „загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија“.

„Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја подржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се директно на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти.

Лагите и лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат крај“, велат од СДСМ преку соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

C +

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК