13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Фејл на 42-та градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не успеаја да донесат ниту по 150 луѓе од општина

Според проценките од надлежните институции вечерва на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред зградата на Влада биле присутни помеѓу 12.000 и 14.000 граѓани.

Тоа освен што зборува за слабиот капацитет на партијата да го анимира своето членство, зборува и за тоа како градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се доживувани во општините што ги раководат.

Ако се оди по логиката дека половина од присутните на протестот се од Скопје што досега била постојана пракса на протести и минитзи на двете најголеми политички партии, тогаш доаѓаме до фактот дека од внатрешноста на протестот биле присутни меѓу 6.000 и 7.000 граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во 42 општини во државата, голем дел од нив се важни и големи градови како Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци…

Од 42 општини ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протестот не успеа да извади ниту 3 отсто од гласовите кои ги освои пред само седум – осум месеци.

Очигледно е дека на протестот денеска излегле само они верни членови на партијата и најблиските соработници на градоначалници.

Тоа доволно говори што обичниот народ мисли за Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за нивните градоначалници.

Спонзорирано: