4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Американец го тужи Маск за криптовалутите, бара од него 258 милијарди долари

Инвеститор бара од Илон Маск 258 милијарди долари во тужба и тврди дека Маск водел пирамидална шема за промовирање на криптовалута наречена догекоин. Криптовалутата е создадена како шега во 2013 година и е дизајнирана да го исмева биткоинот.

Но, догекоин ги исполни насловите минатата година по драматичен раст. За нешто повеќе од четири месеци, нејзината вредност се зголеми од 0,004 долари на 0,73 долари, што претставува зголемување за повеќе од 18.000 проценти. Маск редовно твиташе за догекоинот во овој период, што често резултираше со нагло зголемување на вредноста, по што таа вредност брзо паѓаше.

Догекоин драстично падна во текот на изминатата година, а во моментот на пишување, неговиот пад е 92 проценти од рекордните максимални рекорди забележани минатиот мај.

Во тужбата се цитирани Бафет и Гејтс, кои зборуваат против криптовалутите

Тужбата е поднесена пред судот во Њујорк, а во неа се наведува дека „Маск ја искористил титулата најбогат човек во светот за да управува и манипулира со догекоин за профит“. Маск е тужен од Кит Џонсон, кој тврди дека бил измамен. Неговите адвокати инсистираат на тоа дека догекоинот е целосно безвредна криптовалута, а судските поднесоци содржат цитати од Бил Гејтс и Ворен Бафет, кои се криптоскептици и постојано јавно ја доведуваат во прашање вредноста на догекоинот.

Тужителот сака да ги застапува сите оние кои изгубиле пари на догекоин од 2019 година. Освен што бара отштета од 258 милијарди долари, Џонсон сака да им забрани на Маск, Тесла и Спејс икс да промовираат догекоин.

Претходно оваа година, Тесла почна да прифаќа догекоин како начин за плаќање на производи, но не и за своите електрични автомобили.