9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ-Радман: Ќе биде штета ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса за почеток на преговорите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Вицепремиерот Маричиќ и министерот Радман разговараа актуелните политички случувања и иднината на регионот и потврдија дека секое одолговлекување на интеграцијата на регионот во ЕУ отвора можност Западен Балкан да се насочи во друг правец.

– За нас е клучно што сме видливи од страна на ЕУ во спроведувањето на реформската агенда и што продолжуваме да управуваме со процесите. Од интерес е и на ЕУ отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, што ќе се даде поттик и на другите земји од Западен Балкан да останат фокусирани на европските реформи за постигнување на демократските стандарди. Штета ќе биде ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса, рече Маричиќ на средбата.

Притоа, вицепремиерот Маричиќ истакна дека европските реформи и имплементацијата на европските стандарди во земјава продолжува со цел да им се овозможи подобар живот на граѓаните.

Маричиќ се заблагодари на Шефот на хрватската дипломатија,Радман, што Хрватска покажува европско лидерство и што дава целосна поддршка за напредок во проширувањето на ЕУ и нашите евроинтеграции.

– Хрватска е наш искрен пријател и партнер со кој имаме традиционално добра соработка,која уште повеќе ќе ја зајакнеме во процесот на преговарање, бидејќи хрватското искуство за нас ќе биде од голема корист, истакна Маричиќ.

На средбата соговорниците разговараа за отворање нови можности за зајакнување на соработката во спроведувањето на европските програми, како и Интеррег програмата за транснационална соработка кои се финансираат од ИПА фондовите на Европската Унија.

Спонзорирано: