Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испративме 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина

-Преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испративме 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, изјави Зоран Заев на социјалните мрежи.

-Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.

Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи, соопшти Заев.

Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воената агресија од страна на Русија.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК