9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 15:00 часот (11.06.2022) регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е отворен за сообраќај.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Согласно одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски, “ВИАДУКТ ТРЕЈД” ДООЕЛ Гостивар известува дека почнувајќи од вторник 14.06.2022 година од 10 до 14 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.