Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи „Запад“

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реализираше работна средба со раководствата на Секторот за внатрешни работи Охрид и Регионалниот центар за гранични работи – Запад. На средбата во СВР Охрид, Спасовски беше информиран за активностите на оваа полициска организациона единица. Притоа, беше утврдено дека според презентираните статистички и други показатели, безбедносните состојби на подрачјето во надлежност на СВР Охрид се мошне задоволителни, што е особено важно во пресрет на годинешната туристичка сезона, кога Охрид станува центар на туристичката посета и домашната понуда.

На средбата беше нагласено дека во првите пет месеци од оваа година, евидентно е намалувањето на бројот на кривични дела по основ на класичниот криминал, компаративно со истиот период минатата година, а се бележи зголемување на ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела, која се движи од над 10 проценти, дури до над 46 проценти ефикасност.

„На подрачјето на СВР Охрид бележиме и драстично подобрување на статистиките во поглед на сообраќајот, па споредбено со првите пет месеци од минатата 2021 година, годинава бележиме намалување во сите сегменти – број на сообраќајни несреќи, број на лица со потешки или полесни повреди и, што е особено важно, број на несреќи со загинати лица“, потенцираше министерот Спасовски.

На средбата со раководството на регионалниот Центар за Гранични работи – Запад беше констатирано дека состојбите на државната граница кон Република Албанија и на север со Република Косово не бележат значителни промени во однос на минатата година. Спасовски беше информиран дека сите организациони единици при Регионалниот центар за гранични работи – Запад дејствуваат по конкретни оперативни планови со засилени мерки и активности за време на претстојната летна туристичка сезона, со цел одржување на безбедноста на највисоко ниво, при што ќе се интензивираат мерките како по воден, така и по копнен пат со патролни служби.

Министерот Спасовски изрази увереност дека и во наредниот период ќе се продолжи со истата динамика на работа и ефикасност, како во превентивните активности, така и со репресивни мерки и дека подготвено ќе ја дочекаме туристичката сезона која ни претстои.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК