Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)