Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Му го запалиле аудито, полицијата им стегна кривични

На 05/06.06.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Кичево во координација и содејство со полициски службеници од Сектор за општ и насилен криминал – Оддел за криминалистичка полиција при МВР и соработка со СВР Битола се преземени мерки и активности за расчистување на кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1, сторено со подметнување пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Љ.С. од Кичево, при што лишени од слобода се Е.П.(27) од Кичево, К.Б.(28) и Љ.А.(27), двајцата од Битола. Имено, на 05.06.2022 извршени се претреси кај повеќе лица во Битола, при што се одземени предмети поврзани со кривичното дело, а од преземените мерки е утврдено дека нарачател на кривичното дело е Е.П. од Кичево, кој веќе издржува мерка притвор за кривично дело по член 215, сторител е К.Б., а Љ.А. е помагач во извршување на кривичното дело. Лицата биле спроведени во ОВР Кичево и против нив до ОЈО Кичево е поднесена кривична пријава по чл.288 од Кривичниот законик, при што од Судија на претходна постапка и на К.Б. му е одредена мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК