Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Градоначалникот Костадинов ја отстапи својата фотелја на еден ден на матурантка од Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја отстапи својата фотелја на 18-годишната Ана Марија Јованова и со тоа го започна проектот „Градоначалник на еден ден“.

Јованова денеска е градоначалник на Струмица, а проектот се реализира заедно со Европската куќа во Струмица, чија цел е младите да бидат активно вклучени во локалните политики.

– Првото добро утро и добредојде во мојот кабинет ѝ го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование во СОУ „Димитар Влахов“. Со неа денеска заедно ќе ги реализираме сите мои планирани активности во кабинетот и надвор од него, но, ќе ги слушам и сите нејзини предлози и забелешки, објави градоначалникот Костадинов.

Додаде дека вака ќе биде секој прв понеделник во месецот, а „градоначалниците“ од редовите на младите ќе се менуваат, но, целта секогаш останува иста, „создавање подобра Струмица за сите“.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

ДЕСК

ДВЕ СКОПСКИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА СО ПРЕКИНИ НА ВОДАТА – Водовод со известувања за Шишово и Горна Матка

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Заедништвото почнува во училницата – признанија за професорите што го градат

ДЕСК