Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Куманово, расчистени две кривични дела

Вчера, во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С. Р. (25) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 31.3.2022 во станбен објект на улицата Лесковачка во Куманово и на 5.4.2022 година во деловен објект на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово извршил кражби, при што одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК