Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бислимовски: Има училишта припоени кон школските кујни за да плаќаат пониска цена за струја на сметка на граѓаните

„Во некои училишта има кујни, кои согласно тарифниот систем имаат цена како за домаќинствата. Па сега, постојат училишта што се прилепени на кујните за да плаќаат струја по цена на регулираниот пазар, што прави проблем бидејќи на крајот сметката ќе ја платат граѓаните“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетеика, Марко Бислимовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека не смееме да се однесуваме одговорно, односно некои општини да средат за себе, а за растот на цените за домаќинствата да се обвинува Регулаторната комисија.

„Согласно Законот за комунални такси, таксата за јавното осветлување ја собира Електродистрибуција, по што парите ги префрла на трезорската сметка на општината, а не на јавно комунално претпријатие. Со цел да избегнат набавка на електричната енергија за јавното осветлување на јавен пазар, општините прават договори со комунални претпријатија со цел струјата да ја купуваат на регулираниот пазар, рече Бислимовски.

Тој додаде дека по либерализацијата на пазаор, општините кои набавуваа струја на берза плаќале и до 20 отсто пониски цени, но откако минатата година започнаа да растат цените тие прават малверзации со цел враќање на регулираниот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК

Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата за враќање на вистинскиот газда во ВМРО – Груевски

ДЕСК