Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Бил Гејтс нема ниту една криптовалута и објасни ЗОШТО!

Милијардерот Бил Гејтс, ко-основач на „Мајкрософт“, објасни зошто не поседува никаква дигитална валута или зошто не инвестира во криптовалути.

Тој рече дека не инвестира во криптовалути затоа што сака да инвестира во работи со „вредни резултати“ и кои даваат одреден придонес во општеството.

„Сакам да инвестирам во работи кои имаат вреден резултат. Вредноста на компанијата се заснова на тоа како тие прават одлични производи. Вредноста на криптовалутата е токму она што некое друго лице одлучува дека некој друг ќе плати за тоа, така да не придонесува за општеството како другите инвестиции“, рече тој.

Бил Гејтс претходно изрази одреден скептицизам за биткоинот. Изјавата на Гејтс доаѓа во време на извештаи за пад на криптовалутите. Крипто пазарот сега паѓа, биткоинот падна за 27 отсто овој месец, додека етериумот падна за 36 отсто.

Гејтс претходно ги предупреди луѓето да не инвестираат во криптовалути, особено оние со „помалку пари“ или оние кои не се толку богати како Илон Маск.

Можеби ќе ве интересира

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ДЕСК

Пазарот на недвижности пораснал за 15 отсто – Аеродром со најмногу продажби, Кисела Вода со најголем скок на цените

C +

Праведната транзиција ќе успее само ако ја водиме заедно со работниците, општините, со заедниците – Божиновска на Националниот настан за Локалните економско-социјални совети

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.