Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заменик министерот Буши им ја честита 30-годишнината од основањето на Полицискиот синдикат

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, преку објава на својата официјална страница на Фејсбук, им честиташе на членовите на Македонскиот полициски синдикат по повод 30-годишнината од основањето.

Буши исто така напиша дека одбележувањето на 30-годишнината од постоењето на Македонскиот полициски синдикат е една силна основа за нови постигнувања и квалитетни договори преку кои ќе се подобри професионалниот, социјалниот и економскиот статус на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

Оваа е целосниот Фејбук статус на зам/министерот Буши:

„30-годишнината од постоењето на Македонскиот полициски синдикат е една силна основа за нови перспективи со цел што поквалитетни решенија со кои го подобруваме професионалниот, социјалниот, економскиот статус на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатиот период, ние како МВР интензивно соработувавме и преговаравме за низа значајни подрачја коишто се суштински битни за остварување на тие наши заеднички интереси, да создаваме подобри работни услови за нашите вработени.

Дека само преку дијалог се доаѓа до вистински, соодветни и прифатливи решенија за двете страни, ние постигнавме да потпишеме нов колективен договор со кој обезбедивме исплата на 5 месечни бонус плати и дополнително 5% зголемување на платите за сите вработени започнувајќи од септември 2022.

Ние како раководство на МВР, ќе продолжиме да останеме транспарентни и подготвени да ги слушнеме барањата на Полицискиот синдикат со цел да најдеме најдобро решение.„

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК