Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Професионалните војници го ставија штрајкот во мирување

Независниот синдикат на професионални војници на Македонија го стави најавениот штрајк пред Владата во мирување. По неколку средби со институциите тие се уште не успеале да го решат статусот на дел од војниците, па затоа се одлучили да протестираат пред Владата.

„Согласно член 40а од законот за служба во армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но, веќе 2 години од страна на владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција“, велат од Синдикатот.

Денешниот нивни потег ќе биде само предупредување, а по вчерашната средба со претставници на Министерството за одбрана, одлучиле да ѝ дадат на Владата уште една недела за да одговори на нивните барања.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите

ДЕСК

ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ВО СКОПЈЕ – Во него удрило товарно возило „мерцедес“

ДЕСК

ТЕШКО ПОВРЕДЕН 57-ГОДИШЕН ПЕШАК ВО СКОПЈЕ – Во него удрил „фолксваген кеди“

ДЕСК