Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Голема трагедија во Македонија: 6 годишно дете се удави во Пена, бремената мајка се обидела да го спаси

Шест годишно детенце денеска трагично го загуби животот откако паднало во реката Пена.

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 14 часот преку Е-112 добиле пријава дека дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, паднало во надојдената вода на реката Пена.

Детето претходно си играло покрај брегот, а зад куќата каде живее.

Според медиумите неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода.

По 50-тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето. Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти – екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област. За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, велат од Центарот за управување со кризи.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК