23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Наша должност е да дадеме шанса на разговорите со Бугарија

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ гостуваше во емисијата Топ Тема, во која изјави дека во овој период е направено максимум во разговорите со Бугарија и дека нема да се откажат, без разлика на датумот на решавање на отворените прашања.

„Ние направивме максимум во овој период и тоа беше наша должност да дадеме шанса на овие разговори. Ние не се откажуваме од тоа и ниту пак некогаш се врзувавме за јуни, како пресуден датум, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Европската Унија е таа која, притисната од геостратешката ситуација, почна прва да го комуницира јуни како датум и комесарот Вархеји и офцицијалните портпароли на ЕУ.
„Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ меѓутоа ние немаме намера да направиме чекор, ниту да дозволиме да бидеме напаѓани за едно или друго, да направиме чекор кој ќе ги наруши нашите интереси“, рече Маричиќ истакнувајќи дека наш интерес е да ги почнеме преговорите, но не по секоја цена, односно да ги почнеме со фер договор кој нема да задира во нашето достоинство и идентитет.