Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Историски најголемо покачување: МОН и СОНК се договорија, платите ќе се покачат за 15%

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири вечерва информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.

-Повисоки плати во образование ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој се заблагодари на сите родители, наставници и ученици кои имаа разбирање за овој процес.

-Исто така ви се извинувам и ви благодарам на вас новинарите кои бевте трпеливи во периодов кога се очекуваше да завршат преговорите со СОНК, потенцира Шаќири.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК