Centar.mk
МОЗАИК

Зошто мачките не сакаат да ги држите в раце?

Вашата мачка не сака да се гали или да се склопчи во вашиот скут додека се одморате на каучот? Секогаш кога ќе ја земете в раце, таа бега? Вие не сте единствени со овој проблем, што всушност и не е проблем.

Само неколку раси толерираат да ги земете во скутот и да останат таму – барем некое време. Зошто?

Се смета дека ова е уште една причина зошто мачките имаат репутација на независни животни, кои сакаат сами да одлучуваат како ќе комуницираат со вас. Тешко е да ги натерате да направат нешто што не сакаат да го прават.

Ваквиот став е причината зошто вашето милениче избегнува каков било обид да го држите в раце. Некои мачки никогаш не се дружеле доволно со луѓето додека биле мали. Други можеби никогаш нема да се чувствуваат безбедно во вашите раце, од страв да не ги испуштите.

Тие се чувствуваат непријатно кога ќе ги земете в раце бидејќи наглите движења може да им предизвикаат болки во зглобовите.

Во секој случај, повеќето мачки ќе уживаат во вашето друштво додека седат на вас или до вас додека ги мамите со омилените грицки.

Овие животни имаат тенденција да мислат дека само нивните идеи се добри, па затоа не треба да се принудуваат на галење и гушкање бидејќи тоа може да им предизвика стрес.

Можеби ќе ве интересира

СУДБИНАТА ПОДГОТВУВА НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Три знаци ги чека берикет, еден ќе добие вест што менува сè

ДЕСК

Туристички бум во Туркије: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

ДЕСК

БЕРИЌЕТОТ ТРОПА НА ВРАТА: Три знаци ги чекаат пари и причина за славење

ДЕСК