Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Разбојници во спомен куќата на Мајка Тереза, со закана со нож одзеле пари

Разбојници влегле во спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, при што со закана со нож кон вработената одзеле пари, соопшти МВР.

„На 12 мај полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје. Тие се сомничат дека во 11:25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари“, соопшти полицијата.

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК