Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Русија вечерва ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска

Извозот на струја од Русија во Финска ќе биде прекинат вечерва од 1 часот по руско време. Финскиот оператор Фингрид соопшти дека руската компанија Интер РАО го прекинува снабдувањето поради „проблеми со примање плаќања за електрична енергија што се продава на пазарот“.

Овој потег стапува на сила еден ден откако Финска ја сигнализираше својата намера да се приклучи на НАТО.

Финска купува само 10 отсто од електричната енергија од Русија, а според Фингрид, дефицитот ќе го надополни со набавка на повеќе енергија од Шведска и зголемување на производството во Финска.

Финска очекува да стане независна во однос на електричната енергија до 2023 година, додаде компанијата.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ СО НОВА НАЈАВА ЗА СТРУЈАТА – ЕСМ ќе понуди 65 евра за мегават-час, неизвесност околу парното

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст и подобар животен стандард за граѓаните

ДЕСК

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 13 ноември 2026 изнесува 200,40 евра за мегават час, на МЕМО 211,11 евра за мегават час

ДЕСК