Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Спорт

Трајковски со нов рекорд во скок во далечина на отворено

Скопје, 11.05.2022- Андреас Трајковски, член на АК Работнички и репрезентативец на Македонија, вчера на меѓународен атлетски митинг во Лимасол (Кипар) го собори македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено со резултат од 7 метри и 41 сантиметар.

Досегашниот Македонски рекорд на отворено во скок во далечина изнесуваше 7 метри и 15 сантиметри, кој беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Андреас со овој скок го освои 5-то место на митингот.
Прв беше Олимпискиот шампион и Светски првак во сала Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8 метри и 28 сантиметри, втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8.04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7.56 метри.

Ова беше прв натпревар за Андреас сезонава на отворено во скок во далечина, а веќе следната недела го очекува нов настап на меѓународна сцена, на атлетски митинг во Солун (Грција).

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
ПАДНА ОДЛУКА: Ново значително поевтинување на бензинот и дизелот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во… Прочитај повеќе

Ковачевски: Мицкоски секое утро прво проверува на телефонот што кажал Апасиев

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски смета дека е изводливо до 2030 година земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Тој од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ од Велес кажа… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе