7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нови 115 случаи на коронавирусот во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Битола – 14, Прилеп – 7, Кавадарци и Охрид – по 5, Гевгелија – 4, Гостивар, Штип и Ресен – по 3, Куманово, Струмица и Неготино – по 2, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 20, Тетово и Берово по 4, Гевгелија, Гостивар, Ресен, Куманово и Делчево – по 3, Прилеп, Кавадарци и Пробиштип – по 2, Неготино, Кочани и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.652 тестови преку: ИЈЗ-223, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-47, Биотек-111, Систина-50, лабораторија Лаор-26, Синлаб-20, Ремедика-18, Плодност-18, Генеа-11, Никоб Лаб-79, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 696.

Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.413, бројот на оздравени пациенти е 300.532, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 594.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК