Centar.mk
БИЗНИС

Кишида: Јапонија постепено го укинува увозот на руска нафта

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека Јапонија полека го намалува увозот на руска нафта во знак на единство во напорите на групата седум светски индустриски сили против руската инвазија на Украина.

Лидерите на земјите членки на Г7 одржаа онлајн-состанок во неделата и ја објавија својата посветеност на напорите за постепено укинување на увозот на руска нафта поради притисокот врз Москва да ја прекине својата агресија против Украина.

„Тоа е исклучително тешка одлука за земја што главно се потпира на увоз на енергија, вклучително и нафта. Сепак, единството во Г7 е најважно во моменто“, изјави Кишида за новинарите во понеделникот.

Кишида рече дека укинувањето на увозот на руска нафта ќе биде постепен и бавен процес, а неговата временска рамка ќе биде решена подоцна бидејќи таквиот процес бара потрага по алтернативни извори на енергија.

Речиси четири отсто од увозот на нафта во Јапонија доаѓа од Русија. Јапонија исто така најави планови за постепено укинување на рускиот увоз на јаглен.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК