Centar.mk
КУЈНА

Лесен оброк со тестенини и зеленчук

Почестете се со вкусен и лесен оброк кој се подготвува за еден час работа.

Состојки:

  • половина кесичка тестенини (или некои други тестенини по ваш избор)
  • 2 пиперки
  • 2 домати
  • 1 краставица
  • млад кромид
  • половина лименка слатка пченка
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажичка маслиново масло
  • сол, бибер
  • чаша јогурт

Подготовка:
Сварете ги макароните според упатството. Почекајте да се излади, ставете во сад и додадете го зеленчукот што сте го исецкале на помали парчиња. Зачинете.

Во помал сад измешајте ги јогуртот, лимонот и прстофат сол. Прелијте со салата. И уживајте!

error: Соддржината е заштитена.