Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Расте цената на нафтата светските берзи

Растот на цената на нафтата денеска забрза, надминувајќи го нивото од 111 долари за барел, откако медиумите објавија дека нафтената групација ОПЕК + одлучила скромно да го зголеми производството во јуни, и откако Европската унија во средата претстави план за ембарго на увозот на руската нафта.

Европската нафта Брент порасна за 0,88 отсто на 111,1 долари по барел на тргувањето во Лондон во 17:05 часот по наше време, а цената на американската нафта WTI порасна за 0,58 отсто на 108,4 долари по барел, според податоците на порталот oilprice.com, кој го следи движењето на цените во реално време.

Групата ОПЕК +, составена од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници предводени од Русија, денеска се договори за скромно месечно зголемување на производството од 432.000 барели дневно во јуни.

Можеби ќе ве интересира

КИНА ЈА ЗГОЛЕМУВА ДЕВИЗНАТА РЕЗЕРВА – Новото барање за банките ќе важи од 15 ноември

ДЕСК

АРАМКО СО ПОВИСОКА ПРИЛАГОДЕНА ДОБИВКА – Во третиот квартал достигна 31,2 милијарди долари

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА ИСПЛАТА НА ШАЛТЕР – Околу 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка

ДЕСК