Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Владината коалиција го штити стандардот на граѓаните, а опозицијата се грижи само за политички поени

„Парламентарното мнозинство е стабилно бидејќи има јасна прозадна ориентација, едногласно го поддржа усогласувањето на нашата надорешна политика со таа на ЕУ, го осуди нападот на Русиај и ги носи антикризните мерки за заштита на стандардот на населението“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Од друга страна, како што рече премиерот, има коалиција која заговара активна соработка со Путин и Русија и коалиција која што Зеленски го смета за непријател.

„Тоа е основната разлика во стратешката ориентација на двете коалциии. На владината прозападна коалиција која е ориентирана кон заштита на стандардот на граѓаните и другата ретроградна коалиција, која неодговорно се грижи само за своите политички поени во време на најголемите кризи“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека е подготвен за дебата и дискусија, како и слушање на импутите на опозицијата со цел унапредување на животниот стандард на граѓаните, но тоа да се случува без условување од страна на опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +