Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Прифатлив е само Договор со Бугарија кој ги затвара сите отворени прашања

„Не може да се разговара за парцијални барања од двете страни. Договор со Бугарија е можен единствено кога ќе има сеопфатно решение што ќе ги затвори сите отворени прашња и ќе занчи безусловно кревање на ветото за почнување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека политичките прашања со Бугарија се разговараат меѓу експертите од министерствата за надворешни работи, кои разменуваат идеи и одржуваат состаноци, но дека во моментов не постои документ прифатлив за двете страни.

„Финален документ, прифатлив за двете страни во моментов нема. Кога таков документ ќе е достапен тој ќе биде споделен со институциите и во нашата држава и во Бугарија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека решението со Бугарија треба да биде базирано на европски вредности, на принципот на досоинство на сите граѓани и дека идентитетот и јазикот не се и нема да бидат предмет на разговор.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК

Апсење на Долно Блаце

ДЕСК